Желбата да научиме нешто ново може да доведе до извонредни резултати. Но тоа што нема да го чуете во ниту еден мотивационен говор е дека во реалноста, до истиот извонреден резултат може да доведе и одбивањето да научиш нешто ново.
Земете го за пример Пет Хајнс, кој имал толку голема аверзија кон тоа допрва да учи Фотошоп, па си ја илустрирал книгата во стариот добар Microsoft Paint.
„Тапа сум во Фотошоп и другите програми, а работам стриктно во Microsoft Paint повеќе од 10 години… Го исполирав мојот занает работејќи долги ноќни смени на болничко биро за прием…“, пишува Хајнс.
Затоа, кога требало да избере програма за да ги направи илустрациите за неговата новела „Camp Redblood And The Essential Revenge“, Хајнс вопшто не се двоумел, и наместо учење нови техники, како Фотошоп, се одлучил за нештото во кое веќе бил добар.
Во случај да се сомневате дека Хајнс лаже околу некористењето на друг програм, можете да ги симнете неговите слики и да ги зумирате, или да ја посетите неговата Deviantart страна каде што документира како создава слична уметност чекор-по-чекор.
Инаку, новелата зборува за летен камп во 1980-тите кој е опседнат со духови и чудовишта, а полн со интересни кампери и „тинејџери што секогаш гледаат да се начукаат или да легнат нешто“. Искрено, повеќе нé интересираат илустрациите.