Дваесет и три годишниот ранчер од американската држава Јужна Дакота, Нил Велнес, едвај преживувал, со последните сили справувајќи се со економската криза. Но, еден ден се решил да купи лото ливче. И кој вели дека бајките (понекогаш) не се остваруваат?
Дваесет и три годишниот ранчер од американската држава Јужна Дакота,
Нил Валнес, едвај преживувал, со последните сили справувајќи се со
економската криза. Но, еден ден се решил да купи лото ливче. И кој вели
дека бајките (понекогаш) не се остваруваат?
Валнес живеел со своите родители во градот наречен Винер (победник) на ранч, на кој одгледувале крави, овци и коњи. Лани, приколката во која живееле им била одземена заради неплатена рата, имале заостанат долг за данок на имот од преку 3 и пол илјади долари. Нештата станале толку лоши што таткото на Нил морал да собира и препродава старо железо.
И тогаш Нил заминал во Тексас, за да купи говеда. Кога застанал во една продавница за да купи намирници, одлучил да потроши 15 долари на лото ливчиња и да си испроба среќата во лотаријата која се приредува во 30 од 50 американски држави. Од тој момент тој почнал да се надева…
Кога бајката се остварила, се испоставило оти е многу поголема одошто Нил некогаш можел да замисли. Нил е првиот победник во историјата на американската лотарија кој сам добил џек-пот во висина над 100 милиони долари. Премијата изнесуваше точно 232 милиони долари. Секако, по одбивањето на сите даноци, ранчерот ќе си замине дома со „само“ 88 милиони – сосема доволни за да му го исполнат сонот – купување на поголем ранч.