Ако успееш да се сетиш на сите претходни прилики кога си имал/а секс, ќе можеш ли да извадиш статистика во кој ден најчесто се случувало? Се разбира дека не. Затоа ја имаме статистиката од продажба на кондоми напомош.
Според податоците на онлајн продавницата за општи намирници – Instacart, постои конкретна неделна шема во нашите сексуални животи. Податоците за продадени кондоми им ги испратија на Quartz, а тие ги визуелизираа со овие два згодни графика:
Според графиков, продажбата го доживува пикот за време на викендот, а сабота е „најсекси“ ден.
Иронично, на популарниот таканаречен Hump Day, кој според интернет е среда, продажбата на кондоми е најмала.
Од друга страна, изгледа стварно сите мразат понеделник. Или не им е до секс, или стварно се преценуваат за викендот, па уште им стојат залихите од кондоми.