Не пропуштајте: 4-от International Outdoor Festival Демир Капија 2017 (19 мај)

Спортскиот клуб Клисура, заедно во соработка со Општина Демир Капија, по 4ти ве поканува на незаборавно дружење во природа. Фестивалот ќе се одржи од 19 до 21 Maj 2017.

Местото за Фестивалот се наоѓа во уникатната природна убавина демиркаписко, кој е идеален за сите спортови и рекреации кои што се одвиваат во природа. Целта на фестивалот е зацврстување на дружењето помеѓу сите љубители на природата и спортот.

Клисура (дечките што го организираа и Фризби фестивал) ги поканува сите спортски клубови и федерации за соработка и учество, како и качувачите, алпинистите, велосипедистите, планинарите, спелеолозите и сите оние кои ги сакаат планините, реките, шумите и доброто дружење.

Во текот на деновите на фестивалот сместувањето е во камп за шатори, и во алпинистичките домови и останати хотели во Демир Капија. Исто така се обезбедени и места каде ќе можете да ги презентирате вашите сопствени омилени активности и филмови и слајд шоуа околу истите, меѓу кои и видео бимови во неколку ресторани. Неофицијално ќе бидат ангажирани и неколку бендови, а ќе има и друга културна забавна програма.

Прочитајте и:  Со „Едвард II“ велешкиот театар гостува на Фестивалот на актерот во Никшиќ

Сите други детали околу настанот ќе ги најдете на официјалниот Фејсбук евент и во деталната програма за фестивалот.

Се гледаме во Демир Капија!

- Реклама -