Во првиот проект од ваков тип на геотермална технологија, Исланд ќе ја користи вулканската топлина за производство на енергија. Ваквиот извор дава 10 пати повеќе енергија од гасот или нафтата, веруваат научниците.
Првиот чекор е да се избуши вулканското тло, на што работи компанијата HS Orka, во регионот Сидирнес. Бушењето почна во август, а веќе има поминато низ дебел слој од вулканска карпа. На длабочина од 2.500 метри, достигна температура од 300°C. Обично тука завршуваат вообичаените бушења, но ова ќе оди многу подалеку – до 5.000 метри (дап, 5 км). Таму се очекува да се достигне температура од 500°C.
Таму водата се меша со стопената карпа и се добива таканаречена суперкритична пареа. Не е течност, а не е ни гас, но содржи многу повеќе енергија од едното или другото. Токму таа пареа ќе биде извлекувана на површината, со голем потенцијал да ја промени енергетската индустрија, сметаат научниците.
Самата бушилица е прилично тенка. Ќе ја видите при крајот на видеото.
Инаку Исланд е првата држава во светот што почна да користи геотермална енергија, а дури 85% од енергијата во земјата доаѓа од обновливи извори. Истовремено, Исланд е и единствената држава во светот која користи 100% обновлива електрична енергија.
Ако проектот со производство на енергија од вулканска топлина успее, Исланд ќе може да ѝ продава обновлива енергија на Велика Британија, но и на останатите европски држави. Тоа ќе биде изведено преку подводни енергетски водови.