Британија ги „чисти загадувачите“ од патиштата

Британските власти подготвуваат нова шема за откуп на стари автомобили и серија забрани, чија цел е да се отстранат од патната мрежа автомобилите кои најмногу ја загадуваат околината.

Кај новата програма владата ќе ги откупува старите возила за цена до 2.000 фунти (2.360 евра). Кон ова низ целата земја ќе бидат формирани „Чисти зони“, во кои ќе биде забрането да се влегува со автомобили што не ги задоволуваат последните еколошки норми. Сеуште се прецизираат деталите за шемата – какви автомобили ќе се откупуваат и каков ќе биде еко-лимитот за „чистите“ зони. Консултациите ќе продолжат до јуни, а конечната одлука треба да биде објавена во јули, по закажаните вонредни парламентарни избори.

Некои британски градови се меѓу најзагадените во Европа, а Лондон минатата година забележа највисоки нивоа на азотен диоксид во ЕУ. Неодамна проблемот започна да привлекува вниманието на јавноста и во април продажбата на дизел автомобили – главен извор на азотен диоксид се намали за 27% во однос на истиот месец минатата година. Некои политичари, на чело со новиот градоначалник на Лондон, Садик Кан, објавија дека предложените мерки се недоволно строги. Затоа Кан воведува високи такси за старите автомобили кои сакаат да патуваат во центарот на главниот град.

Другото важно прашање е што ќе се случи со откупените стари автомобили? Претходната шема, воведена од британската влада за промовирање на автоиндустријата по големата криза, мина со слаб успех, Во даден момент властите се прашувале каде со „старите возила“, кои завршија на стари аеродроми и бази на воздухопловните сили. Шема за рециклирање уште нема за последните од нив. Решението е за новата шема: откуп со обврзано задолжително рециклирање!

- Реклама -