Во Букурешт отворен Музеј на кичот

Од петокот, во романската престолнина и официјално е отворен првиот Музеј на кичот.

Во него се изложени 215 предмети, меѓу кои и телевизор со рамен екран со треперливо позадинско светло кое имитира камин, перница која изгледа како монета од 1 евро, неонски христијански крстови, стаклени риби од времето на комунизмот, статуи на Дракула во природна големина и слично.

Првото нешто што ќе го забележите кога ќе влезете е копија од прочуениот „Давид“ на Микеланџело, само што овој носи „раперски“ златен ланец со голем медалјон со симболот на американскиот долар. Во очи ќе ви падне и секцијата посветена на „лажни вести“, каде ќе видите селекција од насловни страни од некогашниот неделник „Dracula“. Еден од нив е од 2001-ва година, и гласи: „Вонземјаните крадат струја“.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Во музејот постојат неколку оддели: современ кич, кич од времето на комунизмот, цигански кич, Дракула кич, и кич на православната црква. За сето тоа време, во позадина ќе ве придружуваат и одредени музички парчиња од локалниот фолклор.

Еве дел од експонатите.

- Реклама -