Опра Винфри го заврши своето шоу минатата година по 25 успешни години, но нејзината империја продолжува да живее.
Преку нејзината компанија, Harpo productions, Винфри сè уште учествува во Dr. Phil, Rachael Ray и The Dr. Oz Show. Тука е и нејзиниот магазин, O, и нејзината сателитска радио станица. А тука е и OWN, кабловската мрежа на која Винфри ѝ го посветува поголемиот дел од своето време.
Таа се обидува да ги поттикне рејтинзите со емисии како Oprah’s Lifeclass и Oprah’s Next Chapter. Винфри има време и пари за да се посвети на нејзината мрежа. Проценето е дека помеѓу мај 2011 и мај 2012 година Винфри заработила 165 милиони долари – што значи дека таа е најплатената славна личност четврта година по ред.
Но нејзиното владеење најверојатно нема да трае уште многу долго бидејќи ова е последната година во која се брои нејзината заработка од нејзиното шоу. Таа го надмина режисерот Мајкл Беј за само 5 милиони долари. Благодарејќи на Transformers: Dark of the Moon, Беј имаше неверојатна финансиска година.
3D филмот (третиот дел од Transformers серијата) беше нападнат од критичарите но публиката се собра да го гледа, трошејќи 1,1 милијарда долари. Беј има одличен договор со студиото кој му дава добар дел од профитот од филмот и Transformer играчките. Проценето е дека Беј заработил 160 милиони долари помеѓу мај 2011 и мај 2012.
Каки и Винфри и Беј ќе има далеку помала заработка следната година. Неговиот следен филм, кој ќе има премиера во април, е Pain & Gain, релативно ниско-буџетен филм со Марк Волберг и Двејн “The Rock” Џонсон во улога на двајца билдери кои стануваат криминалци. [Oprah Winfrey remains atop Forbes celebrity earnings list]