Забранета “Земјата на љубовта”

Повеќе...

Откако ги доби острите критики и закани дека никогаш нема да биде во функција, односно дека воопшто нема ни да се отвори, првиот секс парк во Кина "Земјата на љубовта" е срушен бидејќи е оценет како крајно вулгарен и дека лошо би влијаел на друштвото. 

park1.jpg

Во паркот освен изложените скулптури на голи тела и поставките посветени на историјатот на сексуалноста и љубовните техники, стоела и гигантска статуа на долен дел од женско тело која и не била баш по сечиј вкус – раширени нозе и минијатурни гаќички кои скоро ништо не скриваат. 
Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
 
park2.jpg
На бројните критичари на интернет им се придружила и полицијата. "Тие работи се премногу откриени. Непријатно ми е да ги гледам во друштво." – бил коментарот на една полицајка. 
 
Наспроти нив во своја одбрана директорот на паркот Лу Сјаочинг објаснил дека овој парк треба да им "помогне на луѓето да имаат хармоничен сексуален живот." Сексот во Кина е табу тема па затоа нив им требаат што повеќе информации и едукација. 
Но за жал, властите на Чонгчинг одлучиле да се откажат од проектов бидејќи во истрагата стои дека содржините во паркот се вулгарни и дека воопшто не се ни здрави ни поучни.
- Реклама -