Денес ќе читнеме за едно искуство кое на повеќето од нас, барем во денешно време, им е непознато: да ја изгубиш невиноста на првата брачна ноќ.
Некои им пукаат сеир, други ги гледаат како заостанати, трети ги сожалуваат, четврти си бркаат своја работа и сметаат дека секој има право сам да одлучува што ќе прави со својот сексуален живот.
Енивеј, такви луѓе (девици до брак) постојат, и ги споделија своите приказни на форумот Reddit. Да видиме како си поминале на „големата вечер“.
• „Беше ужасно“, пишува еден маж. „Чекавме додека да се земеме, и тогаш новата сопруга доби. Беше супер-емотивна после сите тие свадбени ствари. Плус, беше девица, па можете да замислите – сексот беше супер-емотивен, по малку болен, многу крвав, и траеше 5 секунди.
Вториот пат утрото не беше ништо поарно, освен што траеше неколку секунди подолго. Потоа беше многу подобро. Уште сме во брак 11 години подоцна“.
• „Жена ми и јас двајцата чекавме до брак. Првата ноќ ни беше катастрофа – ни влетаа странци во хотелската соба додека се соблекувавме, бидејќи хотелот ја замени нашата соба во 5 до 12 и заборавил да им даде друг клуч на другиот пар… Ми требаше прилично долго да го кренам. Не бев нешто особено нервозен, ама мислам дека малиот беше едноставно срамежлив. Таа подоцна рече дека не ни забележала. Плус, го истурив целото шише лубрикант на средина од креветот.
Иако беше еден вид на катастрофа, ние најдовме сила да се шегуваме околу тоа, до ден денес, и драго ни е кога се навраќаме на таа ноќ“.
• „Жена ми и јас бевме девици кога се венчавме. Првиот пат беше супер, ама и смешен, сега кога гледаме наназад. Дури не стигнав ни целосно да го ставам пред да свршам. Но, по 15-20 минути ‘пак се вративме во рингот’ и овојпат беше поуспешно.
Имавме секс барем уште еднаш таа вечер, и се растуравме како зајци следното утро кога се разбудивме. Толку многу секс таа недела…“
• „Маж ми и јас исто така бевме девици кога се земавме. Конечно ја изгубивме В-картата (читај: невиноста, од virginity) три дена по свадбата. На нашата прва брачна вечер, тој не можеше да го погоди правиот агол за да влезе, а имаше и предвремена ‘детонација’.
Јас бев премногу срамежлива за да му помогнам да влезе. Тој рече: ‘Срање! Извини, многу ми е жал’ и потоа заспавме. Истото се случуваше неколку дена, и на крајот, конечно – БУМ! Болеше на секунда, ама беше готово секунда подоцна. Во брак сме веќе 10 години, среќни сме, и имаме добар, здрав сексуален живот.
Мислам дека и двајцата сме лабави по природа и ни изгледаше, пред сé, смешно. Од помош беше и тоа што ниту еден од нас немаше високи очекувања дека ќе биде магично првите неколку (50) пати. Уште се задеваме околу тоа и сега“.
• „Искрено, првата вечер, од аспект на сексот, беше прилично разочарувачка, но ниту еден од нас не беше разочаран, бидејќи не бевме среќни само заради сексот, туку со возбуда гледавме на заединчката иднина.
И бевме пресреќни што конечно сме венчани и ќе живееме заедно. До крајот на медениот месец бевме многу подобри во самата механика на сексот, и сé уште подеднакво возбудени и среќни што сме еден до друг и венчани (и голи)“.