Од што се плаши ликот во „Врисок“ на Едвард Мунк?

Погледнете во познатата слика на Едвард Мунк од 1893 година – „Врисок“ (или „Крик“, како ви е желба) и не се знае какви емоции ќе ви побуди. Можеби ќе преовлада воодушевувањето од мајсторството на уметникот. Или можеби ќе преовлада емпатијата кон теророт што го доживува субјектот, кој стои на палубата на брод и си ја држи главата од ужас. Или, ако сте како метеорологот Хелен Мури од универзитетот во Осло, може да се запрашате: од што всушност се плаши субјектот во сликата?

Оние набљудувачите кои се повеќе склони кон логичната страна на нештата, со години се обидуваат да извлечат заклучок по тоа прашање. Како можни одговори се понудени бројни теории, од вулканско загадување (од ерупции), па до анксиозни халуцинации.

Како што пренесува Франс-Прес, Мури и нејзиниот тим ја презентирале нивната најнова теорија на средбата на Унијата на европските геолози во Виена, и нивниот „кривец“ е многу поразличен од досега предложените. Тие сметаат дека субјектот во Врисок се плаши од облаците.

Прочитајте и:  Уметност и филозфија со Еранда Бокши и Џована Прецетај
Колку за референца, пар чудни облаци над Антарктикот. 

Мунк насликал четири верзии од Врисок. Во секоја од нив, протагонистот е преплашен и стои пред/под небо прошарано со „насилни“ нијанси на портокалова и пурпурна боја. Кога Мунк напишал во дневникот за денот кој веројатно ја инспирирал сликата, го опишал „огненото небо“ кое „одеднаш… се претворило во крваво црвена“, и „висело како крв и меч над… градот“. „Стоев таму треперејќи од анксиозност“, напишал Мунк.

Според метеоролозите, описот и сликата повеќе од сé друго наликуваат на поларните стратосферски облаци (nacreous clouds) – седефасти облаци кои можат да го прекријат небото на ниски температури и да делуваат како да се прелеваат.

„Знаеме дека имало тн. mother-of-pearl (друго име за седефастите) облаци во регионот на Осло во доцниот 19-ти век“, вели Мури. Иако потенцира дека ова е само хипотеза, вели дека шансите се големи токму ваков настан да бил основата на доживувањето на Мунк, и инспирација за иконската Врисок.

- Реклама -