Ким Дотком на Twitter пиша отворена покана до софтверски и hosting компании кои би биле расположени да му помогнат да го рестартира бизнисот.
Германецот обвинет за пиратерија вели дека тој планирал да го релансира својот “mega” онлајн сервис но овој пат ќе избегне физичко присуство во Соединетите Американски Држави.
Новиот сервис ќе нуди бесплатна „еден клик“ енкрипција. Тој на Twitter пишал „Создаваме масивна глобална мрежа. Малтретираа погрешен човек. Ќе го превртам светов наопаку. Моќ за луѓето. Чао Echelon. Здраво слобода.“
Ендру Гедис, професор по право од Универзитетот Отаго, во април предупреди дека Дотком најверојатно нема да ги добие милионите долари кои полицијата му ги одзеде дури и ако обидот за екстрадиција во САД пропадне бидејќи за конфискување се потребни помалку докази.
Пред затворањето на Megaupload во January, Дотком работеше на развивање на нов сервис, Megabox, кој бил дизајниран за да им дозволи на уметници да продаваат музика директно на корисниците, исклучувајќи ги музичките компании.
Американскиот вебсајт Techcrunch рече дека Megabox бил тестиран, а како партнери биле наведени 7digital, Gracenote, Rovi и Amazon – најголемиот онлајн продавач.
Американската влада контроверзно тврдеше дека Megaupload е „заговор“ бидејќи компанијата им плаќаше на членовите да хостираат податоци на сајтот според тоа колку често истите биле спуштани, што според владата е обид за профитирање од пиратерија. [Megaupload Trying To Be Back Full Online Again]