Шведската компанија Zeus Twelve, филијала на работилницата Gray Design, познато по своите изработки на оклопни возила и луксузни јахти заедно со литванскиот Dartz, најави лансирање на серија од три ексклузивни спортски автомобили произведени во ограничена серија од 12 парчиња.
Засега автомобилите се само во вид на скици, кои се прикажани на веб-сајтот на компанијата. Првата се вика Gold Rush, а нејзината каросерија ќе биде украсена со повеќе хромирани и позлатени делови, а вратите ќе бидат од типот „галебски крилја“. Моторот е на Aston Martin – 5.9 литарски V12 со моќност од 517 КС и максимална брзина од 302 km/h.
Вториот модел – Zeus Twelve Magnate се позиционира како возило за магнати од шоу-бизнисот. Задните врати на оваа машина ќе може да се отворат (по желба на клиентот) или спротивно од правецот на движење, или нагоре. Како дополнување кај неа ќе се нуди и блиндирана опција. Magnate ќе има 6.57 литарски V8 мотор со моќност од 512 КЅ и максималната брзина од 296 km/h.
Третиот модел – Sigma се издвојува како тркачко возило. Неговата каросерија е од карбон, а кокпитoт претставува стакленa купола, којa може да се симне. Спортскиот Sigma ќе добие активно задно крило, способен да го менува аголот на отпор за време на возењето. Тој ќе располага со 2.0 литарски четирицилиндерски мотор Caterham Duratec со моќност од 341 КЅ со максималната брзина од 290 km/h.
Претставниците на Zeus Twelve засега не откриваат кога овие модели ќе се појават во производство, ниту нивните цени. Меѓутоа, јасно е дека за нивната развој сериозна помош ќе покажат компанијата Lotus и тунинг-работилница Mansory.
Објавено во соработка со Авто Плус.