Таткото на интернетот: Ја губиме контролата над податоците

Тим Бернерс-Ли, попознат како човекот што го создаде World Wide Web, предупредува дека губењето на контролата над сопствените податоци, ширењето на лажни вести, и недостатокот на регулатива во однос на политичкото рекламирање, се трите најголеми закани со кои интернетот се соочува денес.

Циничното ширење на лажни информации со цел брза заработка не ги загрижува луѓето толку колку што ги загрижува повеќе ги загрижува онлајн ширењето на дезинформации – од рекламирање, до софистицирани политички кампањи. Социјалните мрежи прикажуваат содржини за кои мислат дека ќе им се допаднат на луѓето, што значи дека се објавуваат дезинформации или лажни вести кои се шокантни, изненадувачки и дизајнирани да бидат во согласност со предрасудите на корисникот.

Владеејќи со податоците и со помош на „армиите од ботови“, злонамерниците можат да постават систем кој шири дезинформации за нечија финансиска и/или политичка корист. Тука е и проблемот со кражба на податоци – луѓето даваат лични информации кога се пријавуваат на одредени веб страни.

„Додека нашите податоци се чуваат на посебни места, скриени од нас, ние ја губиме контролата над нив. Често немаме на располагање никаков начин да утврдиме кои податоци не сакаме да ги споделиме, особено не со трети страни“, вели Бернерс-Ли. Ризиците се уште поголеми во земји со авторитарни режими, каде соработката на Владата и големите компании неретко ги доведува во ризик и животите на граѓаните.

Бернерс-Ли тврди дека софистицираното модерно рекламирање т.е. таргетираниот маркетинг, е ризик за демократијата:

„Таргетираните реклами овозможуваат една иста политичка кампања да испрати сосема поинакви, дури и контрадикторни пораки, до различни групи луѓе. Дали е тоа демократија?“, прашува тој.

Заедничкото во сите три негативни трендови, според Бернерс-Ли, е моќта на големите информациски компании, како што се Фејсбук и Google. Тоа што над нив не постои надзор, може лошо да се одрази врз граѓанското општество.

Затоа, Бернерс-Ли предлага да се поттикнат приватните компании, наместо рекламирање, како начин на финансирање да користат претплата и микроисплата. Тој се залага и за повеќе „алгоритамска транспарентност“, за луѓето да знаат како се донесуваат важните одлуки, кои патем влијаат и на нивните животи.

„Сите заедно го градевме интернетот каков што го имаме денес. Сега од нас зависи дали ќе изградиме интернет каков што сакаме, за секого“.

 

- Реклама -