Од 17-ти до 26-ти март годинава, се одржа шестото издание на Baikal Ice Sailing Week – едрење на замрзнатото Бајкалско езеро. Исто е како на вода, само што нема бранови, многу е побрзо, многу попрекрасно, и многу, многу покул.
Победи, очекувано, Русин (Олег Василев од Санкт Петербург), а втор заврши Петар Хамрак од Унгарија. По трката, Хамрак изјави (ја пренесуваме за да доловиме дел од амбиентот):
„Бајкал не престанува да нè изненадува. Пред еден ден веќе мислев дека нема да имаме можност да возиме, но ветрот нé послужи и имавме одличен со конкуренцијата. Многу сум им благодарен на сите кои учествува во организацијата на Baikal Ice Sailing Week. Драго ми е што децата се натпреваруваат на истиот мраз со возрасните – тоа е многу важно. Така, младите ентузијасти можат да научат нешто од нас, а ние имаме прилика да сведочиме како расте новата генерација спортисти. Јас сум многу среќен што имав можност да го гледам мојот син како се натпреварува, а уште посреќен да го видам да победи (син му – Михаил Хамрак, победи во категоријата „Ice Enthusiast)“.
https://youtu.be/hqw1SDrsfEU?t=83