Ова е многу интересно прашање на англиски аналитичари, предизвикано од неодамнешниот договор на PSA и GM за Opel / Vauxhall, како и од стартот на Брекзит. Jaguar Land Rover покажува континуиран раст откако стана дел индиската Tata, а последните резултати најавуваат уште позасилен настап.
Англиската компанија нуди на пазарот постојано нови модели, мотори, технологија и создава нови фабрики во извршување на својата глобална цел за постигнување на годишно производство од еден милион возила. Минатата година JLR успеа да продаде на глобално ниво 583.312 единици. Трансформирање на JLR од губитничка компанија во рамките на Синиот овал кон победничка во прегратките на индиската Tata Motors, стана еден од најголемите бизнис успеси во автомобилската историја во последнава деценија. Следната фаза за компанијата на „големите британски мачки“ е достигнување на продажба од еден милион автомобили годишно. Тоа е навистина мошне тешко, но не и остварливо, а англиски аналитичари сметаат дека би се реализирало многу полесно со купувањето на Vauxhall. JLR би можела да се договори со PSA за купување на Vauxhall, кој ужива во моментот итн Badge еngineering, нудејки модели на Opel со своето лого само во Обединетото Кралство.
Со додавањето на новите модели – Range Rover Velar и петтата генерација на Land Rover Discovery, со новиот Jaguar XE и кросоверот F-Pace, производните количини на JLR можат да надминат 600.000 возила оваа година. Доаѓаат и новата генерација на Land Rover Defender, електричниот кросовер Jaguar I-Pace, а како можен е и помал кросовер од Evoque. Но, сите тие не можат да ги обезбедат оние преостанатите 400.000 автомобили годишно за постигнување на целта од еден милион.
Ослободувањето од Vauxhall има сериозен смисла и за PSA. Вистинската придобивка во договорот со GM беше Opel, кој произведе еден милион автомобили годишно под својот амблем. Opel има сериозни позиции во Европа и Блискиот Исток, познат е во Јужна Америка и Азија. Стекнувањето на Opel ќе и помогне на PSA да го намали производството и развојни трошоци со споделување на технологија, платформи и компоненти. Vauxhall, сепак, нема што да и даде на PSA, освен намалување на трошоците по инжинерско обновување на автомобилите за експлоатација со десен управувач. Конверзијата на Vauxhall од околу 250.000 автомобили годишно се концентрирани во рамките на Велика Британија.
За JLR стекнување на Vauxhall, бренд позициониран високо во масовниот пазарен сектор, ќе се најде во нови пазарни сегменти, во кои сега тој не учествува. Инжинери и дизајнерите на JLR во моментов тивко работат на масовните модели на Tata Motors за пазарот во Индија, кој е доста конкурентен, па и тие имаат веќе искуство за работа со не толку луксузни автомобили. Многу е логично JLR да лансира евентуално нелуксузен бренд кој ќе му помогне во глобалниот раст. Vauxhall може да му даде на JLR прекрасна шанса за решавање на прашањето со функционален бренд, наместо да се врши преструктуирање или создавање на нова марка од тоа ниво.
За PSA, слична зделка би го намалила финансискиот притисок и би обезбедила полесна интеграција со само една нова марка – Opel, во производствот и нејзиното планирање. Ослободувајки се од Vauxhall, PSA се ослободува и од проблемите поврзани со заминувањето на Британија од Унијата.