Документарецот против Обама – најуспешен во Америка

Документарниот филм 2016: Obama’s America на поларизирачките конзервативци Динеш Д’Суза и Џон Саливан собра неверојатни 6,3 милиони долари викендов.

Анти Барак Обама филмот, кој имаше премиера минатиот месец во неколку киносали, сега има заработка од 9,2 милиони долари во Америка, најдобра заработка за документарен филм со исклучок на документарни филмови за природата. Претходниот рекордер беше Bully со заработка од 3,5 милиони.

{youtube}gRbqMGtvQD0{/youtube}

Покрај другите рекорди, Obama’s America сега е и најпрофитабилниот конзервативен документарен филм исполнет со пропаганда, надминувајќи го Expelled: No Intelligence Allowed.

- Реклама -