Ерне Рубик почнал да си игра со слични коцки во 1974 година, додека живеел заедно со мајка му, додека бил професор по дизајн на Колеџот за применета уметност во Будимпешта. Впрочем, така и настанува Рубиковата коцка, како вежба за студенти.
Неговиот досега необјавен текст во списанието „Discover“ открива дека ни самиот Рубик немал претстава како да го реши проблемот кога за првпат ја составил коцката со обоени полиња, а не бил сигурен ни дека другите ќе можат да ја решат.
Денес тоа некои го прават за помалку од пет секунди, ама незнаејќи што точно прави, на Рубик му требале месец дена вртење и превртување на коцката. Математиката потврдува дека шансите за случајно решавање на коцката се многу мали – бидејќи постојат 43 трилиони можни позиции.
Рубик се сеќава дека кога го пронашол решението, веднаш ѝ се пофалил на мајка му. Таа, кутрата, многу се израдувала, ама зашто конечно помислила дека Ерне ќе престане да губи време на коцката. Добро што не ѝ е исполнила желбата, зашто Рубиковата коцка стана една од најпопуларните играчки, со продадени над 350 милиони коцки ширум светот.