Со преземањето на Opel француската групација PSA Peugeot Citroen има можност да започне со глобална експанзија, истакнаа нејзините сопствениците Жан-Филип и Робер Пежо во интервју за Die Welt.
– Оваа извонредна зделка ќе ни овозможи да го освоиме светот, чекор по чекор. Тоа е целта пред PSA, потенцира Жан-Филип Пежо, кој даде интервју заедно со својот братучед Робер Пежо.
Според Робер купувањето на Opel e клучна работа, бидејки, иако германската компанија не е еден од најголемите производители, таа е фокусирана на истите пазари како PSA и тоа ќе им овозможи на групата да реализира големи заштеди со синергија. Многу стручњаци се загрижени дека токму големата зависност на трите марки од европскиот пазар го крие главниот ризик за иницијативата. Робер Пежо, сепак смета дека Peugeot, Citroen и Opel не си пречат и не си конкурираат едни со други.
– Opel е силен на пазари каде присуствувото на PSA е слабо … Нема посебна конкурентност меѓу овие брендови, што значи дека онаа првична замисла да се освои поголем дел од пазарот на Стариот континент ќе биде лесно остварлива, додаде Жан-Филип Пежо.
Наследниците на фамилијата Пежо држат 13,7% од капиталот на групата, од кои 22.2% од акциите се со право на глас. Исто толку по 13.7% имаат француската држава и кинеската Dongfeng Motor.