Најскапиот автомобил за 2017

Bugatti 57S од 1937 година беше продаден на аукција на RM Sotheby’s за 7,7 милиони долари.

Bugatti Type 57S од 1937 година е едно од трите возила направени од француската работилница Vanvooren. На аукција на RM Sotheby’s, родстерот беше продаден за малку пониска сума од очекуваните – 7,7 милиони долари. Неговите крајни проекции беа 8,5 милиони. Значи ова  Bugatti го надмина досегашниот рекодер за оваа година – Jaguar E-Type, за кој во јануари беа платени 7,37 милиони долари.

Интересно е дека родстерот имаше сериозни ривали на одржаната во Флорида аукција, за кои се очекуваше дека ќе бидат понудени поголеми суми при продажба. Но, ниту Ferrari 250 GT SWB Berlinett, ни Ferrari 166 ММ, а ни Jaguar XKSS, сепак не успеаја да стигнат до очекуваните износи. Сепак организаторите на аукцијата успеаја да продадат автомобили за повеќе од 70 милиони долари.

- Реклама -