Остатокот од Pussy Riot избегаа од Путин

Двајца членови на рускиот анти-владин панк бенд Pussy Riot избегале од земјата за да го избегнат прогонот предизвикан од нивниот протест против Владимир Путин.

Московскиот суд на 17 август осуди три од членовите на женскиот бенд на две години во затворска колонија поради нивната „панк молитва“ со која побараа спас за Русија од Путин. Пресудата предизвика критики од целиот свет за владата на Русија која прави сè за да ја отстрани опозицијата.

Полицијата претходно изјави дека трага по другите членови на бендот. „Поради прогонот нашите членови успешно избегаа од земјата! Тие бараат помош од феминистки во странство за да подготват нови акции!“ пишуваше на Twitter профилот Pussy Riot Group.

Одбраната на Pussy Riot би требало да поднесе жалба на пресудата во текот на следната недела. Пјотр Верзилов, сопруг на една од осудените за Reuters изјавил дека двете бегалки кои избегале од Русија учествувале во протестот во катедралата. „Бидејќи московската полиција вели дека трага по нив, тие ќе останат скриени засега. Тие се на безбедно место недостапно за руската полиција.“

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Запрашан дали тоа значи земја која нема договор за екстрадиција со Русија Верзилов додал: „Да, тоа е најверојатниот одговор. Но мора да запомнете дека 12 или дури 14 членови на бендот се сè уште во Русија и активно учествуваат во работата на бендот.“ Кремлин ги отфрла критиките од странски влади и музичари како Мадона и Стинг како политички мотивирани.

Путин, кој си се врати во Кремлин во мај пред персудата изјави дека членовите на бендот не треба да бидат судени престрого. Според руските закони членовите на бендот можеа да бидат осудени на максимум седум години затвор за „хулиганизам мотивиран од религиозна омраза“ но обвинителот побара три годишна осуда а судот изрече казна од две години. [2 pussy riot members flee Russia to escape arrest over protest against Vladimir Putin]

- Реклама -