Компанијата Lamborghini планира развој на прв целосно електричен спортски модел, истакна извршниот директор на италијанскиот производител Стефано Доменикали. Според него, за проектот е дадено „зелено светло“, а премиерата ќе се одржи во 2025 година.
– Електрификацијата е една од областите на кои обраќаме посебно внимание. Не верувам дека сепак наскоро ќе можеме да направиме сличен автомобил. Голем проблем е наоѓање на вистинската рамнотежа меѓу тежината и динамичките индикатори на супер изведбите, објасни Доменикали.
Во компанијата не ја исклучуваат можноста да користат погон од Porsche Mission E. Првиот сериски модел на германскиот производител ќе излезе во 2020 година, а ќе се потпира на два електромотори со вкупна моќност од 600 КС. Оваа година италијанскиот производител ќе го покаже и својот прв хибриден модел. Тоа ќе биде верзија на кросоверот Urus, чија продажба во Европа ќе стартуваат во текот на летото на 2018 година.