Топ листа на најдобрите работни места за 2009

Повеќе... Калифорниската компанија за технологија NetApp му ја презеде на Гугл титулата за најдобра компанија за која би можеле да работите во 2009-та, во топ 100 листата која секоја година ја прави Fortune магазинот.


google-office-002.jpgКалифорниската компанија за технологија NetApp му ја презеде на Гугл
титулата за најдобра компанија за која би можеле да работите во
2009-та, во топ 100 листата која секоја година ја прави Fortune
магазинот.

Гугл ја имаше титулата за „Компанија со најдобри работни места“ претходните две години, со тоа одземајќи му го првото место на Genentech во 2007-мата. Во последното рангирање кое го направи Fortune, Гугл падна на четврто место. На второто место  се најде брокерската компанија од Сент Луис на Edward Jones, зад која следеше фирмата за менаџмент и консалтинг – Boston Consulting.

Се шпекулира дека падот на Гугл на листата има врска со укинувањето на некои од привилегиите на вработените како што се одморите со скијање. Магазинот забележува дека и покрај рестрикцијата на привилегиите, Гугл сè уште привлекува и до 770.000 апликанти за работни места годишно.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Од друга страна магазинот Fortune, ја пофали „легендарната култура на рамноправност“ и приземниот менаџментски етос на компанијата NetApp. Привилегиите на нивните вработени вклучуваат платени денови за волонтирање, финансиско подржување на вработените кои сакаат да присвојат деца и медицинско поддршка на членовите од семејството со аутизам.

Ветеранската компанија во срцето на силиконската долина – Cisco беше рангирана на седмо место, додека таа во соседството Adobe Systems беше сместена на 11 место. Рангирањата беа направени од институтот Great Place to Work од Сан Франциско, кој за таа цел анкетира повеќе од 81.000 вработени од 353 компании.

- Реклама -