Audi Q8 и Q4 во 2018-та и 2019-та!

Германскиот премиум производител најави дека до крајот на деценијава ќе биде мошне активен, а од тоа што посебно се издвојува секако се автономниот А8, како и сосема новите изведби во SUV сегментот – Q8 и Q4.

Една од најинтересните вести што пристигнува од Audi е дека идните сопственици на новата генерација на предводникот A8 ќе бидат првите клиенти на брендот, кои ќе можат да се потпрат на систем за автономно управување од Ниво 3. Тоа значи дека при движење во градска средина, со брзина на движење од 60 km/h, возилото ќе предложи целосно автономно движење, без потреба возачот да  ги следи случувањата околу возилото.

Оваа година на пазарот веќе се лансирани новите генерации на Q5 и A5, до крајот на 2017 ќе го видиме и споменатиот А8, во 2018 ќе видиме втората генерација на А7, а SUV портфолиото на брендот ќе биде проширено со целосно новата Q8. За 2019 година, пак, е планирано пазарното деби на новиот спортски компактен кросовер – Q4.

Од Audi објавија исто така, дека до 2020 година ќе стартува продажбата на три целосно електрични возила, а голем дел од претставниците во портфолиото на компанијата ќе добијат и електрифицирани верзии.

Автоплус

- Реклама -