Принцот Хари ја загуби девојката по забавата во Лас Вегас (видео)

Принцот Хари ја загуби својата девојка која била разочарана од неговото лудило во хотел во Лас Вегас.

Русокосата Кресида Бонас на своите пријатели им кажала дека фотографиите од разголената забава на Хари со жена во Лас Вегас биле „засрамувачки“ и дека таа повеќе не гледа некаква иднина со него.

Кресида и Хари се забавувале во Лондон и биле видени прегрнати на премиерата на Бетмен во јули. Пред две недели парот го посетиле Островот Некер во Карибите како дел од поголема група, по што се разделиле, Хари се упатил кон Вегас а Кресида верувала дека тие ќе имаат заедничка иднина.

Но еден од пријателите на Кресида сега објаснува дека однесувањето на принцот ставило крај на таа желба за 23 годишната актерка. „Хари уништи сè, Кресида виде иднина со него а тој ја засрами со тоа што го направи во Вегас.“

„Тој очигледно не е сериозен за нивната иднина што е многу засрамувачки. Си ги упропасти шансите. Таа е крајно засрамена.“ [Prince Harry Vegas pictures: Wool doll aping photo appears next to Diamond Jubilee display]

{youtube}U-vPB-z_7nc{/youtube}

- Реклама -