Целосно новата генерација на моделот Insignia ја одбележа светската премиера за време на овогодинешниот саем во Женева, каде дебитира во две верзии, Insignia Grand Sport и Insignia Sports Tourer.
Со нов и елегантно-динамичен дизајн со лидерски индикатори во однос на аеродинамиката (Cd 0.26), возилото е со цели 175 килограми полесен од својот претходник. Исто така и со речиси 3 сантиметри понизок, а со 11 мм поширок.
Дел од главните моменти кај Insignia Grand Sport се новиот систем за погон на четири тркала и осумстепената роботизирана трансмисија, потоа новата генерација на иновативните IntelliLux Matrix LED светла со 32 одделни диоди, греење предни и задни седишта, IntelliLink информативен систем, адаптивна суспензија FlexRide, луксузни AGR ергономски седишта, како и проширената понуда на ОnStar системот.
Новата Insignia Sports Tourer исто така доаѓа со целосно изменет дизајн на екстериерот и ентериерот, зајакната со цели 100 литри товарен простор, можност за нарачка на верзии со систем за погон на сите четири тркала, греење предни и задни седишта и волан, како и богат сет системи за активна и пасивна безбедност. Во зависност од модификација оваа верзија е до 200 килограми полесна од својот претходник и ќе се нуди со горенаведените функции.