Во суштина ништо не е црно-бело, па ни следниве докажани злосторници кои како да се извадени од самото дно на човештвото. Ама ете, и тие имаат оставено по нешто добро на светов.
1. Садам Хусеин
Неговото претседателствување со Ирак остави крвава дамка. Повеќе од 6.000 Ирачани беа јавно егзекутирани од диктаторот, и уште многу беа мачени на разни начини, вклучувајќи и да бидат фрлени во резервоари со киселина, или да им бидат изгорени екстремитетите. Некои историчари проценуваат дека секој еден ден владеење на Садам, го чинел Ирак во просек по 125 убиени цивили. Сé на сé, Хусеин не е некој што сакаш да го дружиш.
Ама од друга страна, Садам вложи и сериозни напори да го подобри животот на Ирачаните. Тие имаа право на бесплатно здравство и престој во болница, а Садам воведе и бесплатно и задолжително образование за ирачките деца. Тој исто така направи и сé за да се осигура дека неговиот народ нема да е неписмен, лансирајќи „Национална кампања за искоренување на неписменоста“. Пред кампањата, само 52% од Ирачаните беа писмени. Денес се 84%.
2. Наполеон Бонапарта
Комплекс на месија, опсесивност и генерално – благо луд. Незапирлив на бојното поле, ги освои Италија, Австрија, Белгија, Холандија и др. Неговата инвазија врз Шпанија била особено насилна. Во една прилика, како казна за двајца убиени француски војници, Наполеон собрал стотина рандом шпански цивили, и наредил нивно стрелање. Неговата империја на крајот пропадна, но не пред да загинат 2.000.000 луѓе во Наполеоновите војни.
Но надвор од бојното поле, Наполеон бил прилично далеку од безмилосниот тиранин каков што го опишавме. Тој го вовел Наполеоновиот код, кој на секој граѓанин на неговата империја му гарантирал еднакви права, приватна сопственост и право на религиозна слобода. Исто така, ги укинал и наследените титули и привилегии на високата класа, пополнувајќи ги важните позиции врз база на единствен критериум – вредност, компетентност и заслуга. Сепак, добива само пола од респектот, бидејќи ништо од ова не важело за жените.
3. Пабло Ескобар
„Кралот на кокаинот“ снабдувал дури 80% од целиот кокаин во Америка, а неговиот монопол го одржувал по пат на екстремно насилство. Омилениот хитмен на Ескобар – Џон „Попај“ Веласкез, лично има убиено над 300 луѓе. Ескобар нудел и награда од 250.000 долари за секој убиен агент на службите за борба против наркотиците. Со други зборови, Ескобар имал пари за фрлање. До 1990-тата, тој станал најбогатиот криминалец во историјата, „тежок“ 30 милијарди долари. Многу од тие пари трошел на свои скапи ќеифови, меѓу кои и флотата од јахти, или приватната зоолошка градина.
Но не трошел само за себе. Напротив, давал толку големи суми на сиромашните, што добил статус на модерен „Робин Худ“. Во еден мал град, Моравија, изградил над 1000 домови за локалните жители. Во сиромашните гета во Колумбија, пак, фундирал изградба на училишта и фудбалски терени. За многу од сиромашните, Ескобар е херој до ден денес.
4. Генералот „Гол Газ“
Во 1990-тите, Џошуа Блаји се прочул како многу опасен либериски војсководец. Поконкретно, бил познат како Генерал Гол Газ, затоа што тој и неговата воена единица од малолетници се бореле… со голи газови. Верувале дека тоа ги прави отпорни на куршуми. Според проценките на самиот Блаји, неговата единица убила повеќе од 20.000 луѓе. Не само тоа, туку Блаји верувал и во вештерство и принесување човечки жртви, а близок му бил и канибализмот – ги јадел срцата на убиените деца за да добие поголема моќ.
Од 1996-тата, Блаји се смени драстично. Стана посветен христијански свештеник, поборник против војната, па дури и носач на гаќи и панталони. Во 2016-та почна да работи во хуманитарното здружение Journeys Against Violence и досега има рехабилитирано над 50 деца војници, обучувајќи ги во нови вештини, овојпат мирољубиви – земјоделство и градежништво. И не, не го викаат Пречесен Гол Газ.
5. Тед Банди
Еден од најпознатите сериски убијци на сите времиња – Тед Банди, призна 30 различни убиства кога конечно беше фатен во 1975-та година. На 12 од своите жртви им ги отсекол главите и имал обичај да се враќа на местото на злосторот и да спие до мртвите тела на убиените, сé додека не биле целосно распаднати.
Сепак, едно време Банди преферирал да спасува животи, наместо да ги одзема. Додека студирал психологија на универзитетот во Вашингтон, волонтирал во ноќната смена на Жешката линија за самоубиства на Сиетл. Таму го користел својот манипулативен карактер во добри цели, убедувајќи ги тие што се јавувале да не се самоубиваат. Наводно Банди бил многу вешт во тоа. Крими-писателката Ен Рул, која исто така волонтирала за жешката линија за самоубиства, вели дека Банди со сигурност спасил барем неколку животи додека работел таму.