Mercedes-AMG го покажа конкурентот на Porsche Panamera

Во пресрет на автосалонот во Женева, спортската поделба на Mercedes-Benz покажа неколку дизајнерски погледи на нов модел – спортски седан, кој најверојатно ќе стане директен конкурент на Panamera.

До овој момент детали околу колата нема, освен компјутерската слика што може да ја видите тука. Од него излегува дека очекуваме целосно нов спортски седан со профилот на Coupe автомобил. По се изгледа дека тој ќе се продава заедно со третата генерација на CLS, на чии шпионски фотографии бевме сведоци неодамна.

По последните информации, новиот модел на Mercedes-AMG ќе биде нешто како заменик на CLS Shooting Brake и ќе има liftback заден капак, кој ќе обезбедува лесен пристап до багажникот и ќе му овозможи на автомобилот да конкурира со новото Porsche Panamera Sports Tourer.

Каков и да е случајот, производствената верзија на моделот, кој може да биде крстен AMG GT4 ќе личи на AMG во дизајнерскиот, но и во технолошкиот поглед. Моделот ќе биде базиран на модуларната платформа MRA, која се користи од моделите C63, E63 и S63.

Уште е непознато, но се претпоставува дека AMG ќе биде придвижен од 4.0 литарскиот битурбо V8 мотор од E63 S. Ако тоа се потврди, корисниците ќе можат да се потпрат на 603 КС и 850 Нм вртежен момент. Потсетуваме дека со овој мотор од E63 S може да се помести до 100 km/h за 3.3 секунди.

Се очекува новиот модел на AMG да биде претставен деновиве во концептуален вид на автосалонот во Женева.

Автоплус

- Реклама -