Кога шпанскиот гитарист Франциско Тарега ја компонирал мелодијата „Гран Валс“ во 1902 година, не ни можел да претпостави дека ќе стане глобално позната еден век подоцна. Станува збор за композиција која денес на многумина им е позната како мелодијата на Nokia, односно Nokia Tune.
Иницијатор парчето на Тарега да стане заштитна мелодија на Nokia бил Анси Ванјоки, кој и самиот изјави дека не очекувал дека таа ќе стане толку популарна.
Nokia Tune првпат се појави во рекламата на финската компанија за моделот Nokia 1011 во 1993 година, а како рингтон првпат беше вклучена во моделот 2110, една година подоцна.
Во својот прв „настап“ во улога на рингтон, мелодијата беше именувана како „ringtone Type 7“. Во некои телефони фигурираше и како „Тype 13“ или „Type 5“, што покажува дека се работеше за еден од нормалните рингтонови.
Во 1997 година, со претставувањето на моделот Nokia 6110, на секој од рингтоновите им беше дадено специфично име, и тогаш и настана Nokia Tune, иако за почеток беше именуван како оригиналот – „Grande valse“. Веќе во 1999 година, Grande valse беше одново преименуван, конечно во Nokia Tune, и прерасна во амблем-рингтон на Nokia.
https://www.youtube.com/watch?v=uSQzUx3QW2Y&t=12s