Што би му советувал Бил Гејтс на 19-годишниот Бил Гејтс?

Во скорешната „Ask me Anything“ сесија на Reddit, едно од прашањата до Бил Гејтс беше што би му порачал, од денешен аспект и кога би имал шанса, на 19-годишниот Бил Гејтс.

Мултимилијардерот, кој во младоста ги напушти правните студии за да го создаде Microsoft и да направи револуција во IT светот, одговори дека помладиот Бил би го советувал дека „паметноста“ (Бил го користи терминот „smartness“) не е секогаш најважното нешто во животот, како што некогаш мислел.

„Би му објаснил дека ‘паметноста’ не е еднодимензионална и не е толку важна како што мислев тогаш, порано… Би му рекол и дека би можел да го ‘истражи’ светот во развој и пред да влезе во 40-тите години од животот…“

„Тогаш не бев толку добар од општествен и друштвен аспект, но не сум сигурен дека постои совет што би го поправил тоа – можеби морав да бидам чуден и едноставно да пораснам“, гласи одговорот на едно од другите прашања што му ги поставија Reddit корисниците.

А Гејтс, како млад, беше дел од самиот (интелектуален) крем во приватната школа во Сиетл во која учеше – со речиси перфектен скор од 1590 поени од можни 1600 на SAT тестовите, со што освои и место на Харвард. Се запиша да студира право на престижниот Ivy League колеџ, иако како и многу други млади луѓе, не беше сигурен што сака да биде и да прави во животот. Како и да е, најголем дел од времето го потроши на компјутери, а во 1975 комплетно ги напушти студиите.

Прочитајте и:  15 предвидувања на Бил Гејтс од пред 25 години кои се исполниле

Прашан што е неговото мерило за успехот, Гејтс – кој вреди повеќе од 60 милијарди фунти, посочи на еден друг богат бизнисмен.

„Ворен Бафет отсекогаш велел дека мерилото е дали луѓето што се блиску до тебе се среќни и те сакаат. Исто така, убаво е и чувството дека си направил разлика во светот – си измислил нешто, или си израснал деца, или си помогнал на луѓе на кои им требало помош“.

Прашан што смета дека е неговото најголемо постигнување, тој вели Windows, но се надева дека неговата хуманитарна работа преку фондацијатa „Bill and Melinda Gates Foundation“ на крајот ќе стане подеднакво важна како и неговиот софтвер.

„Иако работата на фондацијата многу ветува и ќе биде најголемото нешто низ следните децении, сепак мислам дека шансата да бидам дел од софтверската револуција која ги еманципираше луѓето – е најголемото нешто што стигнав да го направам…

Во моментов сум многу фокусиран на тоа да ја искорениме болеста полио – ако го постигнеме тоа ќе биде извонредно – исто како и испорачување на дури и најдобриот софтверски продукт“.

Прашан каде се гледа по 15 години, 61-годишниот татко на три деца рече дека се надева дека ќе стане дедо. Од друга страна, не одговори дали некогаш би се кандидирал за претседател.

 

Целата „AMA“ сесија на Reddit – ТУКА.

- Реклама -