Топ 10 причини за кавги меѓу паровите

На британскиот сајт за запознавање – eHarmony, направена е анкета околу тоа за што најчесто се расправаат паровите. Може да се рече дека резултатите се изненадувачки, затоа што недостатокот на секс, причина која се очекува да е меѓу главните за кавгите, се наоѓа дури на десеттото место.

Важно е да се истакне дека истражувањето е спроведено врз непознат број испитаници, па со тоа и не треба да се зема здраво за готово. Од друга страна, добро е да се има како репер.

10-те најчести причини за кавги меѓу паровите се следниве:

1. Несослушање на партнерот (47%)

2. Недостаток на чувствителност / кажување на погрешни нешта (34%)

3. Непромисленост (29%)

4. Финансиски грижи и проблеми (27%)

5. Грижи за семејството (22%)

6. Децата (17%)

7. Технологија (постојано висење на мобилен / Интернет) (13%)

8. ‘Рчење (13%)

9. Работното време (10%)

10. Недостаток на секс (10%)

 

- Реклама -