Поради компликации при изведување на бајпас операција, на возраст од 82 години умре Нил Армстронг. Но, овој исклучително скромен човек ќе остане да живее засекогаш во колективната меморија, поради неговите извонредни дела.
„Ова е мал чекор за еден човек, огромен скок за човештвото“ е реченицата по која астронаутот ќе остане запишан во историјата, откако стана првиот човек што стапна на Месечината. Армстронг бил избран за оваа почест со добра причина. Неговата скромност го навела да ги одбие понудите за искористување на неговата уникатна позиција во комерцијални по враќањето на Земјата – Нил Армстронг само сакал да се посвети на продлабочување на знаењето…
{youtube}pkqxfpc_Ido{/youtube}