Престојот во вселената влијае на гените

Сега пензионираниот астронаут Скот Кели престојуваше на Меѓународната вселенска станица од март 2015-та до март 2016-та. За тоа време, неговиот брат Марк, инаку идентичен близнак, исто така пензиониран астронаут на НАСА, водеше нормален живот на Земјата.

Нивните биолошки примероци ги анализираа истражувачи од 12 универзитети. Истражувањата покажаа дека теломерите (делови од ДНК-та кои ги штитат нашите хромозоми) на Скот Кели, по едногодишниот престој во вселената, спротивно на очекувањата, биле подолги од тие на неговиот брат. Во последниве години, научниците сè повеќе ги поврзуваат со староста – нивното скратување значи и стареење. По само краток престој на Скот Кели на Земјата, неговите теломери се вратиле на „нормалната, Земска должина“.

„Пред да се одлучиме да праќаме луѓе на долги експедиции на Марс, мораме да сме запознаени со она што се случува на ниво на ДНК-та за време на подолгиот престој во вселената“, сметаат научниците.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Тестовите покажаа дека кај близнаците биле активни различни гени, утврден е и различен состав на молекулите на рибонуклеинските киселини во нивните клетки, а забележана е и намалена метилација на дерибонуклеинските киселини кај близнакот што престојувал во вселената. Забележана е и промена во составот на бактериите во неговиот систем за варење.

Во наредните неколку месеци, НАСА ќе ги објави резултатите и од останатите физиолошки и психолошки тестови на кои беа и се подложени  Скот и Марк Кели.

- Реклама -