Ете ги пак „пургерите“, назад на старо место, по десетти пат „у далекој Македонији“. Летоска свиреа во Дојран, а 365.com.mk ги гледаше во Ниш, заедно со Атеист рап. Прва лига се, Миле е во топ форма, набилдан, сценски никогаш подобри, звучат коска. Го имаат „Дани затворених врата“ од 2015 – станува збор за релативно зрел албум, кој претставува делумно навраќање на жестокоста од пред дваесетина години, комбинирана со стандардниот поп-сензибилитет од претходните 2-3 албума, а поседува и доволна количина општествено критички и ангажиран напон.
Овде имаме некаква снимка од нивниот прв настап кај нас, во 1997 (или 1996???) во МКЦ Скопје, Миле со коса, ја свират Will the circles… и Razmišljam од G.A.D (Croatia Records, 1995). После тоа настапија три пати на Таксират, па Пиволенд, Битола, Прилеп, Дојран, Миле гостуваше на песна кај Хикси, а овие пак кај ХП на пар концерти…
Goce Kostovski