ВИДЕО: Кога Македонец ќе најде работа

https://youtu.be/OSa5i0kx4hI

Шала на страна, типов е бездомник, а снимката е направена од безбедносната камера на компанијата Central RPL во Мидленд, токму во моментот откако бездомникот добива постојана работа.

„Овој човек, кој нема ништо, покажа толку искрена среќа кога ја доби својата шанса, што е крајно време сите ние да се сетиме и никогаш да не заборавиме колку малку е потребно за искрена среќа, на што ние – кои имаме многу повеќе – секојдневно забораваме“, вели Арон Дојл од компанијата.

Ние, пак, би рекле, крајно време е и да се сетиме на бездомниците.

Дојл е на истата фреквенција. Тој наведува дека човеков во моментов престојува во прифатилиште за бездомници, а добива храна од црквата. Како што самиот раскажува, овој човек секој ден му нуди на Дојл од своето кафе и чоколадото кои ги добива во црквата, и е секојдневен пример за искрена човечност. „Заради сé што прави и примерот кој го остава за другите, ја заслужи својата прилика да успее“, вели Дојл.

А зошто го споредивме бездомников со Македонец што наоѓа работа? Зашто, за жал, видеото многу добро го опишува чувството.

- Реклама -