АвтоВАЗ пушта во сериско производство електрична модификација на моделот Калина, под името Ел Лада. Во најскоро време слични автомобили ќе бидат ангажирани како такси во Ставрополскиот крај. Премиерата на сериската изведба на електричната Калина ќе биде на салонот во Москва.
Електромобилот Ел Лада има мотор 60 kW и сет од акумулатори со капацитет од 13 kW/h врз основа на литиум-фосфат железо. Автономијата со едно полнење е 150 километри, забрзувањето до стотка е за 13 секунди, а максималната брзина е 130 километри на час. Полнењето на акумулаторот од домашната електрична мрежа е за осум часа.
Електромобилот од Тољати ќе чини двојно повеќе од обичната Калина, чија основна цена во Русија е 293.900 Рубљи (7.500 Евра).
Објавено во соработка со Авто Плус.