ВИДЕО: Како да се одбраниш од ракувањето на Доналд Трамп

Како што веќе видовме, Доналд Трамп има „уникатен“ стил на ракување, заради кој привлече многу внимание и предизвика многу сеир на Интернет.

Иако на прв поглед изгледаше дека нема бегање од неговите ракувачки „канџи“, сега еден инструктор по боречки вештини објави видео-демонстрација што ќе ве научи како да си го зачувате достоинството, а и телесниот интегритет во таква ситуација. Не дека некој од нас ќе се ракува со Трамп (со часни исклучоци), ама ништо чудно тоа негово „премногу доминантно“ ракување да стане тренд, па да почнете да налетувате на такви луѓе во секојдневието.

Енивеј, да прејдеме на главното. Робин Гислер – инструктор по џиу-џицу од Охајо, вика вака: Целиот штос е да му се приближиш на поздравувачот и да му го зграбиш лактот. Така му ја блокираш раката, по што му го виткаш и зглобот, а со другата рака му го поклопуваш за да не може да се извлече (ќе видите во видеото како).

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Инаку, демонстрацијава е по барање на фановите на YouTube каналот на Relson Gracie Jiu-Jitsu Academy. Така што, многу веројатно е дека следното видео ќе биде „Како да се одбраниш од тоа Трамп да те грабне за… знаете… пи*ката“.

- Реклама -