Шегата на Реган што можеше да предизвика нуклеарна војна меѓу САД и СССР

Во август 1984 година, само еден ден откако Советите ги бојкотираа Олимписките игри во Лос Анџелес, претседателот на САД – Роналд Реган, изговори нешто што релативно лесно можеше да доведе до фатални светски последици.

Во текот на рутинската проверка на микрофоните пред утринското радио обраќање, Реган одлучи да се пошегува со присутните новинари и тон-мајсторите кои го штелуваа неговиот микрофон. Да одеше тоа во етер, Реган веројатно ќе предизвикаше силен одек низ светот.

„Мои драги Американци, драго ми е да ви соопштам дека денес поднесов одредба со која Русија станува непријател, засекогаш. Почнуваме со бомбардирање за пет минути“.

https://youtu.be/wgSSRE27GQ0

Ова не му беше прв пат на Реган, инаку поранешен актер, да се шегува и да си игра „хот мајк“, а тоа го потврдува и историчарот Крег Ширли, кој напиша книга за подемот на Реган. Имено, во една друга прилика, во 1980-та година, исто така додека го испробувал тонот непосредно пред своето обраќање во хотел во Лос Анџелес, Реган одлучил да биде „спортски коментатор“, па рекол:

„А сега… Теди Кенеди излегува на теренот. Имаше пет од осум погодока. Изгледа доста растресено“.

Хуморот на Реган почна да го доведува во незгодни ситуации уште од самиот почеток на неговото претседателство. Во октомври 1982 година, додека се подготвуваше во етер да објави дека полската влада се обидела да го осуди политичкиот ривал „Солидарност“ (независен самоуправен синдикат), тој „ги извести“ Американците дека полската влада не е ништо друго од „куп бедни и лоши пропалици“.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Но неговата шеговита изјава „Бомбардираме за пет минути“, без оглед на смеата на тонците и новинарите, го фрли во „жешки води“ веднаш што снимката протече во јавност. Советите се потрудија да го искористат овој гаф за да ја ослабат неговата администрација во тековните преговори меѓу двете сили. Тие испратија „црвена тревога“ до своите воени сили, а Кремљ даде официјална изјава во која шегата ја карактеризираа како „непријателска“. Владиниот весник „Известија“ пак, отиде чекор подалеку, нарекувајќи ја шегата „монструозно соопштение“. Со тоа ги принудија американските официјални лица да направат неколку помали отстапки во преговорите.

И додека бројките на анкетите на страната на Реган опаѓаа, инцидентот сепак не беше толку ефективно експлоатиран од страна на Демократите во САД или од страна на Советите. На крајот се покажа дека целата збрка околу „изјавата“ проработе во корист на Роналд Реган, бидејќи Демократите се покажаа како пречувствителни и експлозивни/избувливи, а Реган се покажа како човекот со „студена глава“, присебен и мирен.

- Реклама -