Доналд Трамп – разведува, ама и зближува

Гејл Мекормик се развела од сопругот зашто гласал за Трамп.

Се опишува себе си како „демократ кој е наклонет кон социјализмот“. Вели дека била запрепастена кога еден ден, за време на ручекот, нејзиниот сопруг рекол дека ќе гласа за Трамп.

Гејл – инаку поранешна чуварка во затвор, за Independent рече дека таа негова одлука била нешто преку што никако не можела да помине. Вели дека веднаш ги поднела документите за развод.

„Се чувствувам измамено. Како целиот живот да ми поминал во замаеност. Неговата одлука отвори некои прашања со кои досега никогаш се немавме соочено. Сфатив колку далеку сум отишла во прифаќањето на нешта кои никогаш не би ги прифатила како млада“, изјави Мекормик.

Ова не е единствената семејна кавга предизвикана од последните американски избори. Резултатите од анкетата спроведена на 6.426 луѓе, спроведена од Reuters и Ipsos во периодот меѓу 27 декември и 18 јануари, покажува дека кавгите меѓу испитаниците и нивните семејства и пријателите – а кои се однесувале на политиката, во тоа време скокнале од 33 на 39%. Дури 16% од испитаниците изјавиле дека заради изборите престанале да зборуваат со некој член од семејството или со некој од пријателите, а 13% од истата причина целосно прекинале барем еден семеен или пријателски однос.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Јасно е дека ова со Трамп одамна ги помина границите, и дека многу од Американците реагираат како размазени мали деца и приредуваат тантруми во секоја можна прилика. Јасно е и дека Трамп не може да е единствената причина за раскинувањето на брачните/семејните/пријателските односи, макар бил и (за атер на аргументот) најлошиот можен кандидат. Од друга страна, лажниот демократски капацитет и немањето волја и способност да ги сфатите туѓите постапки, особено на најблиските – и тоа како може да е причина за ваквите статистики. Затоа внимавајте со кого решавате да го поминете животот. Да не ви се падне некоја Гејл.

Во меѓувреме, изборите во САД и фамата околу Трамп доведоа и до обратен ефект – формирани се нови врски. 21% од испитаниците изјавиле дека наведените околности ги зближиле со некој со кого порано не се познавале.

- Реклама -