Зошто може да успее мисијата на Марс на Илон Маск

Илон Маск и навистина може да го оствари својот амбициозен план за одење на Марс во следната деценија. Директорката на Британската вселенска агенција понуди едноставно објаснување зошто е тоа можно: Никогаш не ја потценувајте човековата амбиција.

За Business Insider Кетрин Кортни истакна дека и праќањето човек на Месечината звучело неверојатно амбициозно кога таа се родила во 1963 година, но ете, само шест години подоцна и тоа сме го оствариле.

Таа смета дека истата логика може да се примени и на Масковите визии за колонизација на Марс, која би требало да започне во 2022 година. Притоа, додаде таа, не само што постојат многу луѓе кои се потполно уверени дека тоа е сосема изводливо, туку развиваат и планови.

Прочитајте и:  Илон Маск: „Оптимус“ и „Сајбертрак“ на Марс до 2026 година

 

- Реклама -