Масажа за почетници: Сликовит водич

Една солидна релаксирачка масажа не подразбира некакви посебни методи. Доволно е да го следиш водичов на Bright Side и сите да почнат да те замараат да ги масираш.

Пред сé, треба удобна температура во собата; не треба да е преладно или претопло. Треба да се земе во предвид дека телото се лади за време на процесот на масирање. Друго, масажата е подобро да се одвива на тврда површина, со фокус на вратот, рамената и грбот.

1. 

Почнете со лесни потези од рамената кон струкот и назад. Движењата кон рамената треба да се поинтензивни, но сепак благи додека сте уште во оваа фаза.

2.
Користете ги целите дланки. Можете да почнете со поинтензивни движења.

3.

На рамената им е потребно специјално внимание, бидејќи најмногу страдаат од седечкиот начин на живот. Едноставно зголемете го времето на масажа во оваа област. Ако знаете акупунктура и знаете кои точки да ги притиснете, уште подобро.

4.

Во никој случај не го масирајте ‘рбетот. Кога масирате во таа област, движете се по грбот долж долгите мускулни влакна.

5.

Сите видови на масажа на екстремитетите треба да почнат со благи загревачки движења. Ако има проблеми со области со локализирана болка, треба да бидат масирани со палците.

6.

За фацијална масажа, основните правила се: мускулите со кои работите мора да се максимално опуштени; масажата се прави мазно, ритмично, бавно, и безболно; се движите во насока на мускулните влакна; кога ја масирате кожата, нежно притиснете кон фацијалните коски.

Масажата можете да ја завршите со нежно движење со дланката или движење по грбот (од долниот дел нагоре) со врвовите од прстите. Тоа ќе ја смири кожата.

А сега праќајте водичов по дечковците/девојките/сопрузите/сопругите/швалерите/швалерките.

- Реклама -