Интензивниот импакт на глобалното загревање врз ледената обвивка на Гренланд по којзнае кој пат е документиран во серија од фотографии на Тимо Лејбер. Фотографиите се направени во соработка со водечките научници од Scott Polar Research Institute, додека летал над површина од 695.000 милји квадратни. Сега се изложени во Лондон, а парите од нивната продажба ќе одат за фундирање на понатамошно истражување од страна на институтот.
„Овде, во ова недопрено пространство, соголено до минимум од форми и бои, импактот на климатските промени е поочигледен отколку на било кое друго место во светот“, вели Лејбер за Evening Standard.
Според фотографот, придонесот на топењето на мразот на Гренланд – во глобалното покачување на морското ниво, е околу три пати поголем од тој на Антарктикот. Истата таа територија претставува 10% од вкупните светски резерви на свежа вода.