Eлектричниот Kia Stinger достоен конкурент на Tesla Model 3?

Новиот премиум и со спортска насоченост модел на јужнокорејската компанија Kia Stinger, кој дебитираше глобално во почетокот на овој месец, за време на автосалонот во Детроит, можеби ќе стане достоен конкурент на малиот модел на Tesla – Model 3.

Според авторитетното англиско автомобилско издание Auto Express, кое имеше интервју со шефот на глобалниот маркетинг на брендот Спесер Чо, Kia Stinger во најскоро време ќе добие целосно електрична опција, која ќе се натпреварува на пазарот со уште не лансираниот во слободна продажба, но со стотици илјади нарачки „буџетски модел“ на  Tesla – Model 3.

– Потполно новата платформа врз која е развиен Kia Stinger многу добро прилагоден за развој на електрична варијанта на моделот, nагласува топ-менаџерот.

Зборовите на Чо ja откриваат намерата на производителот да понуди широк спектар на изведби на новиот спортски луксузен модел, слично на она што го направи Hyundai со моделот Ioniq. Освен бензинска варијанта неодамна стана познато дека автомобилот ќе се нуди и со дизелски мотор со моќност од околу 200 КС. Оваа верзија на новиот модел ќе ја видиме за време на меѓународниот автосалонот во Женева во март, а во најава е и хибридно остварување.

Светското деби на Kia Stinger во салонот NAIAS во Детроит помина со бензинска варијанта со две модификации – со 3.3-литарски со 370 КС агрегат и 2.0 со моќност од 255 КС.

Автоплус

- Реклама -