Безбедноста на инаугурацијата на Трамп: Без балони, лак за коса и селфи стикови

Сите расположиви безбедносни сили во САД денес (петок, 20 јануари) ќе бидат на инаугурацијата на Доналд Трамп и ќе се грижат за безбедноста. За сé да биде подготвено, а заради самиот обем на безбедносниот протокол, нивната работа започнува уште ден порано (во четврток наутро).

Шест квадратни километри простор ќе бидат во целост затворени за движење, а вкупните трошоци за обезбедување на настанот ќе достигнат околу сто милиони долари. Зборуваме за неверојатни 28.000 агенти од тајните служби, FBI, државната администрација, полицијата задолжена за Capitol Hill, крајбрежната стража и локалната полиција во Вашингтон – сите овие ќе се грижат инаугурацијата да помине во најдобар ред.

Приоритет ќе им бидат потенцијалните „самотници“, т.е. индивидуалните напаѓачи, бидејќи таквите најтешко се забележуваат во големата маса од луѓе. Иако дури 99 разни групи и здруженија најавија дека ќе протестираат против Трамп во текот на инаугурацијата, сите сили ќе бидат посветени на овие „скриени волци-самотници“, кои имаат потенцијал лесно да направат голема штета. Како примери за таквите напаѓачи, тајните служби ги наведуваат случаите во Берлин – кога терорист со камион се залета во луѓе на божикниот панаѓур.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Меѓу публиката ќе има и претходно најавени 4.200 Американци кои се залагаат за легализација на марихуаната и за време на инаугурацијата отворено ќе пушат трева, но ни тие нема да се интересни за полицијата, бидејќи во Вашингтон пушењето марихуана од рекреативни причини е дозволено уште од 2015-та.

Сé до сабота напладне ќе биде ограничен и воздушниот сообраќај над Вашингтон, кој ќе биде пренасочуван кон локалните аеродроми во околината на градот. Безбедносните служби најавија и дека имаат посебни технолошки мерки против дронови, со оглед дека очекуваат дека ќе има голем број на „ентузијасти“ кои ќе сакаат да ја снимат инаугурацијата од птичја перспектива, ама очекуваат и дека се можни обиди за терористички напади со помош на дрон.

Граѓаните пак, кои на лице место ќе ја следат унаугурацијата, ќе мораат да се држат до строги правила. Безбедносните служби објавија листа од 40 предмети кои Американците во публиката нема да смеат да ги имаат со себе. Покрај очигледните, како оружје, ножеви и слично, на листата се наведени и балони, ранци, свирчиња, селфи стикови, чадори, лак за коса, транспаренти…

 

- Реклама -