Со цел подигање на свеста околу пушењето, една шведска компанија постави специјални билборди низ Стокхолм. Кампањата привлече внимание затоа што билбордите се интерактивни, и како што вели насловот, „кашлаат“ кога крај нив ќе застане или помине некој со запалена цигара.
Паралелно со мажот кој кашла зашто му смета вашата цигара, на билбордот оди и спот кој промовира низа производи за одвикнување од пушење, од палетата производи на еден познат шведски ланец на аптеки. Сепак, маркетинг агенцијата истакнува дека примарната цел им е луѓето да се насочат кон здрав живот и да се откажат од пушењето. Искрени или не, рекламата го одработи своето – привлече внимание.