Грев е што воопшто има потреба да се зборува на таа тема, но ете, и папата Францис мораше да го нагласи очигледното. А очигледното е дека „нема смисла луѓето да одат во црква ако во секојдневниот живот не живеат според она што го учи Библијата“.
За таквите, Папата има и соодветен термин – „христијански папагали“. Тоа се луѓето кои до задутре ќе тупат со вера и религија, а не прават добри дела.
„Ако кажам дека сум католик и одам на миса, ама не разговарам со своите родители, не им помагам на баба ми и дедо ми или на сиромашните, не им помагам на болните, тогаш самото доаѓање на миса не докажува дека вистински верувам“, рече Францис на мисата во Гвидонија – село во близина на Рим.
„Тие кои така се однесуваат се христијански папагали, само зборови, зборови и зборови…“.
За крај, Папата додаде:
„Христијанската вера се изразува низ три нешта: зборовите, срцето и рацете“.