Заради незапамтените ниски температури и неповолните временски услови, Дунав е замрзнат во најголем дел од својот пловен тек. Но и топењето на мразот не е сјајна опција.
По краткотрајното покачување на температурите и благото топење, мразот направи големи проблеми во близината на Земунскиот кеј во Белград. Сантите мраз ги оштетија сплавовите, заедно со нив и марината „4-ти јули“, а четири од сплавовите налегнаа на столбот на мостот „Михајло Пупин“.
Со оглед на тоа дека Дунав тече низ десеземји, од сите страни на Европа стигнуваат снимки и фотографии од замрзната вода и заробени животни и бродови. Најновата снимка е од Белград и направена од дрон.
Многумина стравуваат што ќе се случи кога мразот на Дунав ќе се стопи. Сепак, прогнозите велат дека нема да дојде до поголеми промени во температурата, а мразот би требало да се стопи бавно и постепено.