По експресната победа над Унгарката Галифи, Лина ќе се соочи со Швајцарката Стефани Вогел, првата носителка во квалификациите за гранслем турнирот Австралија Опен. Таа ќе биде последната пречка за македонската тенисерка Лина Ѓорческа во последниот квалификациски меч за пласман на главниот турнир во Мелбурн. Инаку, таа ја победи Амра Садиковиќ, која игра за на Швајцарија, но има македонско потекло и родена е во Прилеп.
Стефани Вогел моментно е рангирана како 111.тенисерка на ВТА – листата, а во 2013 година (ноември) била и на одличното 42.место.