Осуден за силување зашто го извадил кондомот среде секс

Швајцарскиот суд осуди Французин на година дена затвор, зашто ја излажал девојката со која имал секс дека носи презерватив, пренесува Sputnik.

Девојката веднаш признала дека се согласила на сексуален однос, но нагласила дека тоа не би го направила ако знаела дека осудениот ќе го извади кондомот. Двајцата се запознале на Tinder и имале секс на вториот состанок. Осудениот ставил презерватив, ама набрзо го извадил без нејзино знаење. Подоцна се бранел дека кондомот пукнал кога се обидел да го искористи.

Кога девојката дознала дека имала незаштитен секс, повикала полиција, а подоцна швајцарскиот криминален суд во Лозана го осуди мажот на повеќе од година, под обвинение за силување. Адвокатот на жрвата истакнува дека ова е прва таква одлука во Швајцарија, а адвокатот на осудениот најави жалба.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Sputnik потсетува дека покрај Швајцарија, и други европски земји, како Шведска и Велика Британија, имаат строги правила околу сексуалните односи под измама. Меѓу нив и тоа дека кога мажот вели дека носи заштита, а не е така – тоа се квалификува под силување.

- Реклама -