Беше тоа далечната 1992 година, поточно вечерта во 10 часот на 3ти Октомври кога беше емитувана првата емисија „Ноќна мора“ на Жељко Малнар. Самиот Малнар неговото Talk Show го нарекуваше антителевизиско шоу. Беше тоа страшна екипа, предводена од покојниот Малнар во која учествуваа и неприкосновените загрепчани, Цезар, Тарзан, Јаран, Ремзо, Лаки, Брацо, Даркец, Станкец, Љубо, Емир, Ивек, Даријан, Анџа, Ибо рибар, Гибо, Али, Хасан, Дубравка и брилијантниот, исто така покоен Шева (из улице Пешченице). Дечкиве палеа и жареа во 90-тите. Одеа еднаш неделно и тоа саботите од 22:00 часот, па се до 3,4,5, а понекогаш и 6 наутро. Во 2000-тите пак и немаа некоја конкуренција, посебно во Хрватска кога на репертоарот можеа да се понудат „Љубав у залеџај“ и „Вила Марија“. Штета што широката балканска (меѓу кои и македонска) популација се навлекоа токму на второнаведениве. Шоуто престана да се емитува во 2010-тата.
Еве како си газеше тогаш Шевица….
Тука анализира и за нас, Македонците